Акција за пошумување во близина на Паркот на шахот

18

Општина Кисела Вода денеска организираше акција за пошумување, во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври –Бараки.

Во акцијата, во која учествуваше и градоначалничката, Бети Стаменкоска-Трајкоска, а која е само почеток на серија активности за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината, беа засадени  20 нови дрвја.

– Дрвјата се донација од Централна кооперативна банка АД Скопје, која со овој чин уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност и својата поддршка за еколошките иницијативи на локалната самоуправа – соопштија од Општина Кисела Вода.

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска истакна дека со оваа активност Општината ја потврдува заложбата за континуитет во создавањето поубава, позелена и почиста Кисела Вода.

-Пошумувањето и уредувањето на зелените површини ќе бидат еден од моите приоритети во управувањето со општината бидејќи зеленилото значи подобар квалитет на воздухот, поубава околина и поздрав живот за нашите сограѓани – изјави  Стаменкоска-Трајкоска, додавајќи дека посветеноста на хигиената, уредноста и на зачувувањето на јавните површини ќе оди рака под рака со нови проекти за пошумување, создавање мини паркови и ревитализација на постојните зелени зони.

ИЗДВОЕНИ