Во рамките на континуираните активности за одржување на јавните површини и за унапредување на животната средина, Општина Кисела Вода од утринава спроведува обемна акција за чистење, кастрење, косење и подигнување на кабастиот отпад долж трим-патеката на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булеварот „Србија“.
За реализација на овие активности, се ангажирани 30 сезонски работници.
– Со цел ефективно и квалитетно извршување на работите, се користи целокупната опрема на Општината: камиони, тримери и телескопски пили. Со овие интервенции, Општина Кисела Вода продолжува да работи на одржување чиста и уредна животна средина, обезбедувајќи јавни простори што се функционални и пријатни за рекреација и за слободното време на сите граѓани – информираат од Општина Кисела Вода.
Оттаму упатуваат апел до граѓаните за одговорно и совесно однесување, со правилно офрлање на отпадот, со цел да се зачуваат чистотата и редот во Општината.












