вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации...

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција

136

Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата“,

Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

ИЗДВОЕНИ