Акција на југот на Швајцарија: Евакуација со хеликоптер на стадо крави – спасени од непосредна животна опасност/видео

172
Фото:википедија
Десетици кравии беа евакуирани со хеликоптер од алпско село на југот на Швајцарија, откако геолозите предупредија на непосредна опасност од одрон на карпи.
Во евакуациајта биле опфатени 52 крави – некои се преместени пеш или со возила, додека други се кренати со хеликоптер. Пристапот до планинските патеки во тој регион е исто така ограничен. Иако поводот е непријатен, акцијата резултираше со интересни глетки.
Според снимките, кравите мирно чекале хеликоптерите да ги пренесат на друго место.
Според портпаролот на регионалниот штаб за цивилна заштита, над Блатен се одроните меѓу 150.000 и 200.000 кубни метри карпа. Се очекува дополнителни делови од карпа да продолжат да се одвојуваат.
Според последните проценки, се очекува еден до три милиони кубни метри материјал кој би можел да се срони, изјави во понеделникот попладнето Албан Бригер, инженер за природни опасности во кантонот Вале.
„Станува збор за часови, а не нужно за денови, кога би можело да дојде до понатамошни одрони. Нашата цел е да се обезбедиме никој да не биде повреден“, рече Бригер на прес-конференција.
Началникот на Балтен Матијас Белвар изјави:„Пред пет дена никој немаше да помисли дека планината која сме ја набљудувале со години и сметале за неподвижна ќе се помести“.
Поради тоа е наредена евакувација на целото село.

ИЗДВОЕНИ