Акциите на „Тесла“ нагло паднаа откако Маск и Трамп си разменија жестоки критики

409

Акциите на компанијата „Тесла“ нагло паднаа на њујоршката берза по жестоките критики упатени еден кон друг од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и сопственикот на компанијата за електрични возила, Елон Маск, пренесе „Бета“.

Акциите на Тесла паднаа за 8,64 проценти, на 303,35 долари.

Трамп остро го критикуваше својот поранешен советник Маск, кој веднаш одговори на својата платформа „Икс“.

Американскиот претседател рече дека не знае дали неговата врска со Маск ќе продолжи, додавајќи дека е „многу разочаран“ од критиките на мултимилијардерот за неговиот предлог за буџетски закон.

„Елон и јас имавме добар однос. Не знам дали тоа е сè уште случај. Бев изненаден“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба откако Маск го нарече законот „одвратен“. Маск одговори на критиките на Трамп нарекувајќи ги „глупости“.

ИЗДВОЕНИ