Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), Васе Анакиев, заедно со инспекторски тим, изврши контрола кај повеќе откупувачи на пиперка „куртова капија“ во Струмичкиот регион.
Во контролата, како што соопштуваат од ДИЗ, беше проверено дали откупувачите имаат јавно истакнати цени и дали се почитуваат правилата за класификација на производот.
Согласно со утврденото, моменталните откупни цени се: • Екстра класа – 50 денари/кг • I класа – 45 денари/кг • I/II класа – 35 денари/кг • II класа – 20 денари/кг • III класа – 12 денари/кг.
– Пиперката од Струмичкиот Регион оваа сезона е со одличен квалитет, а инспекцијата утврди дека откупувачите во најголем дел ги почитуваат законските прописи и правилата за фер и транспарентен откуп. Директорот Анакиев најави дека Инспекторатот и во наредниот период ќе продолжи со засилени контроли, со цел заштита на интересите на земјоделците и обезбедување фер услови на пазарот – се наведува во соопштението од ДИЗ.