Најжешкиот град во Европа утрово беше Ајдин во Турција, каде што беа измерени 40,6 степени Целзиусови, покажуваат податоците од Огимет, веб-страница која собира и обработува метеоролошки информации од интернет.
Уште шест турски градови се меѓу десетте најжешки во Европа – Килис (40,3), Анталија (цела област, 40,2), Маниса (40,2), Дикили (40), Батман (39,9) и Кахраманмараш (39,8).
Меѓу најжешките градови утрово беа Лефконико на Кипар, каде што беа измерени 40,6 степени, Каспе-Плана дел Пилон во Шпанија со 40,1 степен и Клермон во Франција со 39,8 степени.
Од друга страна, најстуденото место во Европа утрово беше во Норвешка, со минус 2,3 степени регистрирани во Консоја.
Првите десет места во црвената боја се претежно градови од Норвешка и Шведска.
Највисоката температура во светот утрово беше измерена во Кувајт, 49,6 степени, Оман и Пакистан, а најстудено беше на Антарктикот – минус 70,9 степени.
ИЗДВОЕНИ

Одбележување на празникот Богојавление – Водици во Скопје – Бог се јави!: 24-годишниот Дарко Митровиќ најбрзо стаса до чесниот крст/ФОТО

Свечено одбележување на Водици во Охрид: Мартин Гоџо го извади крстот од осветените води на Охридското Езеро

ЈО Битола: Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба – се бара притвор за 28-годишникот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, Чесниот крст се положува во осветените води








