Ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо, изјави дека би бил отворен за идејата за иден натпревар за шампионската титула помеѓу шампионот на НБА и Евролигата.
- Немам поим што се случува во моментов, не следам многу. Но, ако двете лиги можат да коегзистираат, зошто да не. На тимовите од САД би им било тешко да играат против тимови од Европа, но тоа би можело да функционира како два паралелни системи, со сличен распоред. Можеби најдобриот тим од Европа и најдобриот тим од САД би можеле да одиграат натпревар на лето, за да видат кој е навистина најдобар во светот, истакна Адетокумбо.
Инаку, Ергин Атаман, сегашниот тренер на Панатинаикос, откако ја освои Евролигата со атинскиот клуб, јавно ги покани тогашните шампиони на НБА, Бостон Селтикс, на натпревар за титулата светски шампион.
- Пред две години, Атаман рече дека Панатинаикос е подобар од Бостон. Би сакал да ги видам како играат еден против друг. Ајде да видиме кој е најдобар во светот, изјави Адетокумбо со насмевка.











