недела, февруари 1, 2026
Дома СВЕТ Ајатолах Али Хамнеи: Ако Америка нè нападне, ќе следи регионална војна

Ајатолах Али Хамнеи: Ако Америка нè нападне, ќе следи регионална војна

274

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денес изјави дека ќе следи регионална војна ако САД го нападнат Иран, објави полуофицијалната новинска агенција „Тасним“.

„Американците треба да знаат дека ако започнат војна со нас, овој пат тоа ќе биде регионална војна“, рече Хамнеи.

САД градат воени сили на Блискиот Исток, а претседателот Доналд Трамп постојано му се заканува на Иран со интервенција ако не се согласи на нуклеарен договор или не престане да убива демонстранти.

„Трамп постојано повторува дека ги донел бродовите, но иранската нација нема да се плаши од тоа, иранскиот народ нема да биде вознемирен од овие закани. Ние не сме иницијатори и не сакаме да нападнеме ниту една земја, но иранската нација ќе нанесе силен удар на секој што ќе ја нападне“, рече Хамнеи, пишува „Тајмс оф Израел“.

Коментарите на 86-годишниот Хамнеи се најдиректната закана што ја упатил досега. Тој претходно предупреди дека ако Трамп нареди напади, Иран ќе ги нападне Израел и американските воени бази на Блискиот Исток.

Трамп во саботата изјави дека планот „засега“ е да се преговара со Иран, а Техеран рече дека е подготвен само за „фер преговори“, кои не се насочени кон ограничување на одбранбените способности на Иран.

Американската морнарица моментално има шест разорувачи, еден носач на авиони и три борбени бродови во регионот.

ИЗДВОЕНИ