петок, јули 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА АХВ превентивно ја забрани водата од гостиварскиот водовод за употреба

АХВ превентивно ја забрани водата од гостиварскиот водовод за употреба

16

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба.

По вчерашниот надзор е утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем. Гостиварските комуналци тврдат дека засега водата не е загадена.

ИЗДВОЕНИ