Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на промотивната конвенција на Националната алијанса за интеграција (НАИ), изјави дека Рамковниот договор останува суштински документ за мирот и стабилноста во земјата и мора да се почитува од сите политички страни, пренесува PressOnline.al.
Тој истакна дека во изминатите две децении, во соработка со САД, ЕУ и НАТО, се работело на спроведувањето на овој договор, заедно со политичките сили во земјата.
Осврнувајќи се на најновите политички случувања, Ахмети ја обвини опозицијата за обиди кои, според него, ги загрозуваат правата на Албанците и создаваат меѓуетнички тензии. Тој рече дека Албанците се обединети за да ги заштитат постигнатите придобивки и да го гарантираат стабилитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија.
“Ние сакаме мир, стабилност, иднина, сакаме Европа и НАТО. Оваа наша определба нè направи да бидеме заедно, не само за да ги зачуваме националните права, туку и за да ја однесеме земјата напред,“ изјави Ахмети.
Лидерот на ДУИ упати и апел за активно учество на изборите на 19 октомври, потенцирајќи дека единството на Албанците е одлучувачко за политичката иднина на земјата.