Доколку ексминистерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинетлна клупа за катастрофалнолиот пожар во импровизирана дискотека „Пулс“ во Кочани – ДУИ излегува на улица вели за ТВ 24 лидерот на партијата Али Ахмети.
Евентуалното обвинение за Бектеши за кој лидерот на ДУИ вели дека е политички прогон, не само што според Ахмети ќе ги извади интегративците на улица, тие ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа децата во Кочани, но и како што вели Ахмети нема да се повлечат додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори.
„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејставта на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Во пакетот мора да има и ветинг на сите функционери од осамостојуањето на државата до денеска, вклучително и судиите и јавните обвинители, да се истражи приватизацијата, да се испита потеклото на имот. Ако се чепне албанскиот јазик ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори, кои без ДУИ не можат да успеат, по што државата ќе биде во политичка криза која ќе мора да заврши со избори.“ – вели за ТВ 24 Ахмети