Агросаем во Струмица – прогласени најдобрите жени фармери 

47

Владанка Ристиќ од селото Тимјаник, Неготинско, Валентина Дукова од Градско, Велешко, Марија Стојанова од селото Балдовци, Струмичко и Весна Јаневска од Росоман, Кавадаречко, се прогласени за најдобри жени фармери на четвртото издание на манифестацијата „Агросаем Струмица 2024“, кое се одржа во саботата, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица и на кое беа изложени голем број земјоделски производи и земјоделска механизација.

Саемот беше организиран од Здружението „Проагро фармери“ од Струмица и, според претседателот Борче Јанев, целта на оваа манифестација е поддршка на домашното земјоделско производство, да се подигне свеста за домашно произведената храна и да се купуваат македонски производи

 

Владанка Ристиќ од село Тимјаник, Неготинско, Валентина Дукова од Градско, Велечко, Марија Стојанова од селото Балдовци, Струмичко и Весна Јаневска од Росоман, Кавадаречко, се прогласени за најдобри жени фармери на четвртото издание на манифестацијата „Агросаем Струмица 2024“, кое се одржа во саботата, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица и на кое беа изложени голем број земјоделски производи и земјоделска механизација.

Саемот беше организиран од Здружението „Проагро фармери“ од Струмица и, според претседателот Борче Јанев, целта на оваа манифестација е поддршка на домашното земјоделско производство, да се подигне свеста за домашно произведената храна и да се купуваат македонски производи.

– Ова не е само саем туку и вистински фестивал на вкусовите и на традициите, каде што ја почитуваме домашната храна и ја поддржуваме локалната економија. Како домаќини на четвртиот „Агросаем“ во Струмица, чест и задоволство ни е да се запознаеме со стотина локални производители, да ги слушнеме нивните приказни, да ја вкусиме нивната храна и да се исполниме со прекрасни вкусови – истакна Јанев.

Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

– Вистински празник за очите и душа се изложените производи, од струмичките „чушки“ и „френки“, ајварот и лутеницата, преку виното и ракијата, медот и маџунот, јаболковиот оцет, разните видови сирења, па сè до слаткото од разно овошје и природните сокови. Ете тоа е нашето богатство што треба да го чуваме, негуваме и надградуваме. Ете тоа се плодовите од нашиот аграр што успеваат под врелото македонско сонце, што растат по плодната почва на нашите ниви. Ете тоа поминува низ вредните раце на производителите, благословени од Бога. Нека биде така и понатаму. Не смееме да дозволиме земјоделството и другите производни гранки да бидат на залез – изјави Костадинов.

На саемот беа прогласени и најдобрите производители на мед и беше избран најдобар штанд.

Манифестацијата се одржа со финансиски помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струмица.

 

 

ИЗДВОЕНИ