недела, февруари 1, 2026
Дома СВЕТ Агенцијата за стандарди за храна на Велика Британија потврди дека во повлечената...

Агенцијата за стандарди за храна на Велика Британија потврди дека во повлечената формула за бебиња е пронајдено присуство на токсинот цереулид

64

Агенцијата за стандарди за храна на Велика Британија (FSA) потврди присуство на цереулид токсин во некои производи за храна за бебиња на „Нестле“, кои беа повлечени претходно овој месец.

Компанијата „Нестле“ повлече неколку серии од својата формула за бебиња SMA и формула за последователно хранење поради сомневање за контаминација, објави британски „Индепендент“.

Агенцијата за стандарди за храна сега соопшти дека изворот на проблемот е маслото од арахидонска киселина (ARA), состојка додадена во формулата за поддршка на развојот на бебињата кои не се дојат.

Цереулидот е токсин што може да предизвика гадење, повраќање и грчеви во стомакот.

Според Агенцијата, контаминацијата дошла од вообичаен снабдувач на состојки од трета страна, а во тек е истрага за да се идентификуваат сите производи што можеби биле засегнати.

„Итно ги следиме сите производи што можеби користеле состојки од овој добавувач за да се осигураме дека се отстранети од продажба“, рече Џоди Вајлд, раководител на единицата за одговор на инциденти на FSA.

Повлекувањето ги засега следниве производи: SMA Advanced First Infant Milk, SMA Advanced Follow-On Milk, SMA Anti Reflux, SMA Alfamino, SMA First Infant Milk, SMA Little Steps First Infant Milk, SMA Comfort и SMA Lactose Free.

Danone, исто така, повлече серија од формулата Aptamil поради истиот токсин.

Агенцијата во тоа време изјави дека само една серија е засегната во Велика Британија, додека дополнителни серии се идентификувани во други земји.

Агенцијата ги повика родителите и старателите да престанат да ги користат повлечените производи и да преминат на безбедна алтернатива, како и да контактираат лекар или NHS 111 ако нивното дете веќе ја консумирало формулата.

Во случај на препишани формули, препорачливо е да се консултирате со здравствен работник пред да ја промените исхраната, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ