Иако е со редок и инцидентен железнички сообраќај во кој машиновозачите бојкотираат, Македонија има Агенција за регулирање на железничкиот сектор во која работат директор и вработени, а има и Управен одбор. Ова регулаторно тело остварува приходи, но прави и расходи. Дури половина од трошоците одат за исплата на тројцата вработени, како и за примањата и трошоците на претседателот и на членовите на УО.
Приходите и расходите за 2026 година се планирани на 13.876.000 денари (225 илјади евра). За плати, даноци и за придонеси од плати за тројцата тековно вработени и за новите две вработувања, планиран е износ од 6.837.000 денари (над 110 илјади евра) и тој е на минатогодишното ниво. Просечните нето-плати и надоместоци за тројцата вработени ќе изнесуваат 86.500 денари, а за нововработените 63.200 денари месечно, колку што, впрочем, е просечната бруто- плата во Македонија за октомври (63.154 денари)
Иако е со редок и инцидентен железнички сообраќај, Македонија има Агенција за регулирање на железничкиот сектор во која работат директор и вработени, а има и Управен одбор. Ова регулаторно тело остварува приходи, но прави и расходи. Дури половина од трошоците одат за исплата на тројцата вработени, како и за примањата и трошоците на претседателот и на членовите на УО.
Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај планира во 2026 година да оствари приходи од 13.876.000 денари (225 илјади евра), а исто толкава сума се и годишните расходи, од кои дури половина се предвидени за исплата на платите и надоместоците на плати за тројцата редовно вработени, како и за две лица што се планира да се вработат.
Во Годишната програма за работа и развој на ова регулаторно тело, следната година планираат да имаат помали приходи за 17 % од тековнава 2025 година – 16.803.000 денари (273 илјади евра). Од Агенцијата сметаат на приходите во текот на 2026 година од ненаплатената годишна такса за регулирање на пазарот на железнички услуги од изминатите години, кои се во износ од 520.000 денари.
– Во 2025 година беше пресметан приходот од годишна такса за 2024 година, кој беше наплатен. Значи, сè што е нанаплатено се пренесува како приход од 2025 во 2026 година – се вели во Програмата доставена до Собранието за усвојување.
Од годишната такса за регулирање на пазарот на железнички услуги за 2026 година очекуваат да соберат 4.050.000 денари (66 илјади евра).
– Годишната такса е 1,5 % од остварениот годишен надоместок за користење на железничката инфраструктура што ја наплаќаат управителите на инфраструктурата од превозниците, и тоа од минималниот пакет услуги и пристапот по пруга до услужните објекти. Во однос на 2025 година е поголем за 9 %, како резултат на зголемениот превоз во 2025 година – појаснуваат од Агенцијата.
Во буџетот на Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај ќе биде пренесен приходот од 2025 година, во износ од 8.856.000 денари (144 илјади евра), како и други приходи во износ од 450.000 денари (7.300 евра), кои произлегуваат од издадените дозволи за превоз, каматите, провизиите од трансакциските сметки во банка, како и други приходи.
Расходите за 2026 година се планирани на 13.876.000 денари (225 илјади евра). За плати, даноци и за придонеси од плати за тројцата тековно вработени и за новите две вработувања, планиран е износ од 6.837.000 денари (над 110 илјади евра) и тој е на минатогодишното ниво. Просечните нето-плати и надоместоци за тројцата вработени ќе изнесуваат 86.500 денари, а за нововработените 63.200 денари месечно, колку што, впрочем, е просечната бруто-плата во Македонија за октомври (63.154 денари).
Од другите расходи, за потрошни материјали (канцелариски материјали, весници, списанија, средства за одржување хигиена, вода, комунални такси) се планирани вкупно 342.000 денари, за трошоци за електрична енергија за греење и ладење – 305.000 денари, за инвестициско одржување – 100.000 денари, за фиксна и мобилна телефонија, Интернет, поштенски услуги, одржување на компјутерите, копирање и печатење, одржување на хигиената, поправки се планирани расходи од 835.000 денари. За превозно-транспортни услуги за потребите на вработените се планира да се потрошат 25.000 денари.
Издатоците за реклама, пропаганда и за репрезентација се планираат на 120.000 денари, за дневници за службени патувања и патни трошоци се планирани 700.000 денари и тие се намалени за 36 % во однос на 2025 година.
– Овие средства Агенцијата ќе ги реализира за мониторинг на превозниците, студиски патувања, состаноци со регулаторните тела од ЕУ од областа на железниците, конференции, потпишување меморандуми. За регрес, испратнина за пензионирање, јубилејна награда, надоместок за првородено дете, смртни случаи, со финансискиот план се планирани 400.000 денари. Вкупно 3.400.000 денари се планирани за стручно усовршување на вработените, надоместоци по основ на примања и трошоци на претседателот и на членовите на УО, за анализи на пазарот, за изработка на веб- страница, ангажирање лектор и преведувач на албански јазик, за здравствени прегледи на вработените, правни и адвокатски услуги. За вложувања во опрема и доопремивање со канцелариски мебел се планирани 442.000 денари – се вели во годишната програма на Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај за 2026 година.
Деновиве, машиновозачите престанаа да ги возат возовите поради тоа што менаџментот на железничкото транспортно претпријатие не им ги исполнило барањата: за прекувремените часови, а за оние направени над 150 прекувремени часови да им биде исплатена бонус-плата, покачување на коефициентот за 0,80 поради зголемените животни трошоци, исплата на 10 отсто на плата за вонредно повикување на работа… По средбата со државниот секретар во Министерството за транспорт и врски, Стефан Волкановски, машиновозачите одлучија да се вратат на работа.
(С. Бл.)












