„Афтершок“ ефекти по земјотресот во Турција: Жена излезе низ прозорецот од домот, иако тлото веќе престана да се тресе/ВИДЕО

55
Foto: Printscreen/X

Силен земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала ја потресе западна Турција, а потресите се почувствуваа дури до Истанбул, предизвикувајќи паника меѓу нејзините граѓани.

Епицентарот беше во Мраморното Море, а потресот се почувствува на стотици километри оддалеченост. Луѓето избегаа надвор од страв, лустерите се нишаа, мебелот се помести, а улиците веднаш беа исполнети со илјадници вознемирени жители.

Жена во населбата Есенјурт во Истанбул доживеала особено драматична ситуација кога во шок истрчала низ прозорецот на висока зграда и почнала да вреска. Луѓето се собрале околу неа, молејќи ја да се смири и да се врати внатре: „Земјотресот заврши, сестро!“

По земјотресот, огромни толпи парализираа делови од градот, додека жителите масовно ги напуштаа своите домови, училишта и канцеларии. Сè уште нема информации за повредени или материјална штета.

ИЗДВОЕНИ