понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Африм Гаши за навредувањата меѓу Апасиев и Стојаноска: Не мора да се...

Африм Гаши за навредувањата меѓу Апасиев и Стојаноска: Не мора да се понижуваме на таков начин како пратеници

73

Пратениците не треба да се понижуваат еден со друг како што тоа неодамна го направија пратениците Димитар Апасиев од Левица и Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, оцени денеска Африм Гаши, претседател на македонското Собрание. На денешниот редовен брифинг со новинарите тој рече дека на денешниот состанок на координаторите на пратеничките групи го покренал прашањето на начинот на кој се однесуваат пратениците.

-Го покренав прашањето на дигнитетот и на етичкиот кодекс на пратениците, околу начинот на кој се однесуваме како пратеници во Собранието и надвор од него. Ги замолив координаторите да им пренесат на пратениците да бидеме повнимателни едни кон други, а исто и кон граѓаните. Затоа што во односот кој го имаме ние еден наспрама друг, со тоа често пати го уриваме и нашиот но и дигнитетот на  Собранието – рече Гаши.

На новинарското рпашање дали на состанокот го навел случајот на меѓусебните навредувања на Апасиев и на Стојаноска, тој одговори дека не ги спомнал имињата туку општо зборувал.

-Не ги спомнав конкретно, зборев воопшто, но мислам дека сите се сложуваме дека тоа што го прочитавме не беше добро за угледот на Собранието. Само побарав од координаторите да зборуваат со пратениците да бидат повниметелни и да се почитуваме еден со друг. Политичките ставови може да ги кажеме каде сакаме јавно, но не мора да се понижуваме на таков начин едни со други – потенцира Гаши.

Пратениците Димитар Апасиев и Дафина Стојаноска деновиве на социјални мрежи разменија тешки навреди, а што предизвика негативни коментари во јавноста. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ