Aфрим Гаши добитник на Глобалната награда за дипломатија

39

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска во Аланија, Турција, ја прими Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство.

„Ова признание претставува благодарност за нашата посветеност во Собранието на Република Северна Македонија за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста. Во време кога гласовите често се издигнуваат погласно од аргументите, и кога информацијата понекогаш ја губи правичноста пред брзината, оваа награда ме потсетува дека вистинската дипломатија и одговорната работа се градат врз почит, разбирање и отворен дијалог. Длабоко сум благодарен на Глобалниот совет за новинарство, организаторите и жирито за оваа голема чест“, напиша Гаши.

ИЗДВОЕНИ