AфД осомничена за шпионажа за Русија преку пратенички прашања

46

Пратениците од германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) се под сомнение дека се обиделе да ја шпионираат Русија со поставување бројни прашања за чувствителни теми во федералниот парламент на германската покраина Тирингија.

Според министерот за внатрешни работи на Тирингија, Георг Мајер, членовите на AfD поднеле 47 прашања поврзани со критичната инфраструктура, вклучувајќи транспорт, водоснабдување, дигитални мрежи и енергија, објави денес Euractiv.

„Впечатокот е речиси неизбежен дека AfD исполнува некаков список на наредби од Кремљ со своите прашања“, рече Мајер, член на Социјалдемократската партија (SPD), коалициски партнер во владата на германскиот канцелар Фридрих Мерц.

ИЗДВОЕНИ