Аеродром е на врвот на најотворените општини, со највисок скок од 36,6 индексни поени, што е најголем раст во целата држава.
Од Општината велат дека Аеродром е меѓу најуспешните и најтранспарентни општини во државата, според индексот на отвореност за 2024 година на Здружението ЗМАИ.
– Ова е силна потврда дека вистинското партнерство со граѓаните носи резултати. Заедно го креираме буџетот, заедно носиме одлуки и заедно покажуваме дека транспарентноста не е обврска, туку вредност и одговорност – истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Тој додава дека нема да застанат тука.
– Продолжуваме со уште посилно темпо, со јасна цел: целосна отвореност, отчетност и доверба во секој процес. Аеродром е пример дека отвореноста создава доверба и напредок – потенцираше Митески.












