Ракометарите на АЕК од Атина одбија да излезат на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ за реваншот од финалето против РК Алкалоид во Европскиот куп на ЕХФ.

Сè беше подготвено за старт на финалниот натпревар во Скопје, меѓутоа пред да излезат на терен ракометарите на грчкиот клуб се предомислија. Поради тоа, официјалниот спикер кажа дека стартот на натпреварот е одложен.

По неколкуминутна пауза и стоење на ракометарите на АЕК во поттрибинскиот простор, тие во целост се повлекоа во соблекувалната.

Според неофицијалните информации, навивачите од Грција беа незадоволни, бидејќи беа во поголема бројка од дозволените 200 билети.

ИЗДВОЕНИ