среда, февруари 18, 2026
Дома МАГАЗИН Адријана Алачки во Виетнам ги промовираше вкусните традиционални македонски јадења

Адријана Алачки во Виетнам ги промовираше вкусните традиционални македонски јадења

105

На интернационалниот фестивал „Ocean BBQ and Brew Festival“!

Нашата мошне добро позната пејачка, водителка на „Везилка“, шефица на „Гастромак“ и авторка на книгата и на ТВ-емисијата „Вкусот на традицијата“ деновиве беше единствената претставничка од просторите на поранешна Југославија (ја претставуваше својата држава, Македонија) на интернационалниот фестивал „Ocean BBQ and Brew Festival“ во далечниот Виетнам. Тоа е фестивал на океанот и на скарата, како што би можело да се каже во слободен превод, иако има многу повеќе работи за раскажување. Настанот се одржа во градот Ханој, во организацијата на Дон Давид и на Амбасадата на Азербејџан во Виетнам.

Се организираше по повод Денот на пролетта, кога се вапсаат јајца, исто како и кај нас за Велигден. Вистински празник за народот таму. И тие го имаат обичајот да се кршат со вапсаните јајца, а потоа да се пали оган, кој потоа сите го прескокнуваат во знак на благодарност кон Бога, за среќа и здравје. И сите имаат позитивни мисли. Насмеани се, со изразена благодарност. Прекрасен, питом и топол е народот во Виетнам. Веднаш што забележав по пристигнувањето беше дека тие не консумираат шеќер, леб, масло. Само алги, ориз, кромид, морска храна и многу супи и чаеви. Прекрасна и вкусна храна се јадеше во еден од најпознатите традиционални ресторани во Ханој и Син Руан – раскажа Адријана за весникот ВЕЧЕР.

Таа воедно ја промовираше и нашата традиционална македонска кујна во Виетнам, од која домаќините беа воодушевени. Тие ветија дека наскоро ќе ја посетат Македонија за да се уверат во вкусниот залак со тавче-гравче, крушевска пита, селско месо, домашен ајвар, лутеница, сарма, подварок…   (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ