Врховниот суд на Соединетите држави во четвртокот ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да им забрани на подносителите за американски пасош во докуметот да го наведуваат полот што го одразува нивниот таканаречен „родов идентитет“.
Судот го одобри барањето на Министерството за правда на САД за поништување на судиската наредба со која се блокираше политиката што дозволуваше пасошите да го прикажуваат само полот на лицето според раѓање. Тројца таканаречени либерални судии јавно се спротивставија на одлуката.
Политиката на администрацијата на Трамп ја поништува децениската практика на Стејт департментот, кој од 1992 година дозволуваше ознаките на полот во пасошите да се разликуваат од полот „доделен“ при раѓање, со соодветна медицинска документација.
Под водство на демократскиот претседател Џо Бајден, Стејт департментот во 2021 година им дозволи на апликантите сами да изберат машки или женски маркери за пол без таква документација и додаде трета опција – „X“, за таканаречените „небинарни“ и „интерсексуални“ лица.
Откако се врати на претседателската функција во јануари, Трамп издаде низа извршни наредби во врска со таканаречените „трансродови“ права, вклучително и една дека владата признава само два пола – машки и женски. Трамп го нарече лага таканаречениот „родов идентитет на трансродовите лица“ лаги.
Врховниот суд, кој има конзервативно мнозинство од шест наспроти три, застана на страната на администрацијата на Трамп во речиси секој случај од почетокот на неговиот втор претседателски мандат.












