Адитивот за богатење на екс-директорите во ЕСМ штетен за здравјето на граѓаните

756

Поранешните директори на ЕСМ, Васко Стефанов, Пеце Мтевски, Небојша Стефановиќ, Данчо Стојановски, Адријан Муча, обвинети за милионските злоупотреби со тендерите на државната компанија, седнаа на обвинителна клупа за случајот „Адитив“. Им се суди за криминал тежок 6,8 милиони евра. Судењето се одржува во големата дигитална судница во КПД Идризово, така одлучила судијката Даниела Димовска да не се губи време со спровод на обвинетите кои ги има вкупно 31.

На едно од новите столчиња резервирани за обвинетите, на првото рочиште не седна ексдиректорот Васко Ковачевски. Тој е во бегство и според полицијата земјата ја напуштил месец-два пред да се отвори истрагата во обвинителството за организиран криминал и според некои информации во јавноста се наоѓа во Австралија. Постојат важни причини да му се суди“, рече судијката Даниела Димовска и донесе решение на Ковачевски да му се суди во отсуство. Судијката информираше и дека обвинетиот преку неговата ќеркаангажирал бранител, па на тој по службена должност му беше откажано полномошното. Новиот адвокат од Судот побара стартот на судењето да се одложи поради немањето увид во доказите, но судијката Димовска не го дозволи барањето.

„Актот се оценуваше четири месеци, притворите се ефективни и направивме голем трошок за денешното рочиште. Денеска нема да започнеме со доказна постапка, така што ќе имате можност да се запознаете со доказите. Денеска нема да го одложам судењето“, рече судијката Даниела Димовска.

Судењето продолжи со воведните зборови на обвинителството. Според обвинението, 31 физичко и 5 правни лица, меѓу кои и високи функционери во енергетскиот сектор, се товарат за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.

„Ќе докажеме и институционална и морална распаднатост во ЕСМ“, изјави обвинителката Наташа Поп Трајков во воведниот говор на судењето.

Во периодот од април до август 2023 година, обвинетите – некои како организатори, други како соучесници – создале и дејствувале како група со цел да го изиграат системот за јавни набавки. Според обвинението, тие договарале пререгистрации на фирми, манипулирале со тендерските процедури и овозможиле едно правно лице да го добие договорот за набавка на адитиви, вреден речиси 397 милиони денари, додека преку разни трансакции во готовина и преноси на средства, прикриле повеќе од 414 милиони денари стекнати со кривично дело.

„Обвинителството со докази ќе покаже дека пред нас стои злосторничко здружување, на кое државата му доверила еден од најважните системи – производството на електрична енергија. Наместо чесно да ја вратат довербата на државата,која ги наградувала високо и финансиски, тие ја злоупотребиле својата положба за лично збогатување“, нагласи обвинителката Поп Трајков и дополни дека ќе се докаже и дека набавениот адитив предизвикал и штетни последици врз здравјето на граѓаните.

„Ќе докажеме дека јавниот интерес бил свесно запоставен, а набавениот адитив предизвикал и штетни последици заздравјето на граѓаните. Набавката на адитив немала за цел да се обезбедат услови, туку да се стекне противправна имотна корист“, рече обвинителката

Сите обвинети рекоа дека не чувствуваат вина, нивните бранители предлагаа докази со кои ќе му се спротивстават на обвинението кое ги товари за криминал тежок 6,8 милиони евра. Обвинети се и пет фирми, „Хем Алијанс ДООЕЛ Неготино“, „Дади Трејд ДООЕЛ Велес“, „Контракси компани“ и стоматолошка ординација од Велес. Нивните претставници, исто така, изјавија дека правните лица немаат вина.

Обвинетите кои на судењето изгледаа „директорски“ парите на граѓаните кои, според обвинението, ги испрале преку наменски создадените фирми ги подигнувале како готовина. По предлог на ОЈОГОКК, беше побарана и продолжена конфискација на пари од сметки и недвижности во сопственост на обвинетите и членови од семејството.

Судскиот процес „Адитив“ е втор што се одржува во дигиталната судница во Идризово, отворена од 2020 година. Судницата е најголемата и најопремената во Македонија со вкупна површина од 290 м2. Изградена е по примерот на судниците во државите со големо искуство во сузбивањето на организираниот криминал. Од она што медиумските екипи можеа да го забележат објектот располага со посебни влезови за осудени лица, за судиите и поротниците, како и за новинарите и јавноста. Судницата, која чини 1,3 милиони евра, е опремена со современа опрема за снимање на расправите, како и опрема за прикажување на докази, а располага и со опрема за сослушување на загрозен сведок со соодветна заштита на неговиот идентитет и сослушување на странки на онлајн, без нивно физичко присуство.

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, кој пред да започне судењето за обвинетите во „Адитив“ одржа прес-конференција, од пред објектот, рече дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Оваа судница е направена во 2020 година. Првото судење е направено дури по две години, во 2022 година, и од тогаш за жал до денденес, оваа судница е празна, изјави Пандов и додаде дека судницата е во одлична состојба и сè она што недостасувало од технички аспект, сега е поправено. Пандов најави дека до крајот на годината или до почеток на следната ќе почне изградба и на втората фаза од затворот Идризово, што се наоѓа во близина на оваа судница.

еленилото што е на 50 метри од самата судница е предвидено за изградба на втората фаза од затворот Идризово, за кој јас искрено се надевам дека ќе започне до крајот на годината, ако не почетокот на следната година. Таму ќе се наоѓа притворот, ќе има 420 кревети за 420 осомничени лица. Ќе биде идеална за сите останати судења, не само поголемите судења, туку и помали судења, за да не треба да се прават спроводи од Шутка или од Куманово или од некој друг град до Кривичен, туку веднаш до самата судница ќе биде главниот притвор на државата – најавиПандов. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ