Ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо, одлучи да им стави крај на сите шпекулациите и јасно стави до знаење дека нема намера да бара размена – ниту оваа сезона ниту која било друга.

Грчкиот ас нагласи дека таквиот потег едноставно не е во неговата природа и дека никогаш нема да биде тој што ќе побара да го напушти клубот.

  • Никогаш нема да има момент кога ќе излезам и ќе кажам: „Сакам размена“. Тоа едноставно не е во мојата природа – изјави Адетокумбо за „Атлетик“.

Иако Јанис долго време јавно ја нагласува својата лојалност кон Бакс, тоа не ги спречи разните приказни и шпекулации за неговата наводна желба да го напушти Милвоки и да се приклучи на тим што е поблиску до борбата за титулата. Бакс моментално е во променлива форма и по поразот од Голден стејт има резултат 16:21, но 31-годишната суперѕвезда не ги прифаќа приказните дека не е среќна во Висконсин.

ИЗДВОЕНИ