Поранешниот двократен шампион во средна категорија, Израел Адесања, навести дека би можел да се обиде во боксот откако ќе заврши со MMA-кариерата, но само под еден услов: астрономска финансиска понуда.

По серијата од три порази, неодамна со нокаут од Насурдин Имавов, Адесања планира враќање во октагонот, но ја остава вратата отворена за боксерски меч доколку се појави вистинската понуда.

  • Јас верувам дека мојата кариера ќе заврши во УФЦ. Но, никогаш не вели никогаш. Размислував за тоа пред два месеци и секогаш велев, не, никогаш нема да ме фатите во бокс. Ова е врвна форма на борба како што се мешаните боречки вештини. Користете ги сите ваши екстремитети, сите ваши оружја – порача Адесања.

Иако долго ја отфрлаше идејата, неодамна се премисли.

  • Секогаш велев не, затоа што чувствував дека е веќе врежано моето наследство во камен. Но, секој има свој број поради кој „паѓа„. Мојот е навистина висок – порача Адесања, кој најави дека повисока понуда би го намамила да прифати боксерски меч.

ИЗДВОЕНИ