понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Груби не е сам во ќелијата, ќе му се овозможи да пости

Груби не е сам во ќелијата, ќе му се овозможи да пости

882

Поранешниот вицепремиер и обвинет за злоупотребите во државната лотарија е донесен во истражниот затвор Шутка во 9.20 часот, спроводот е направен од полициски службеници, изјави директорот на затворот Бобан Утковски. Притвореникот е сместен во ќелија  заедно со уште едно лице и веднаш бил направен разговор со директорот. Кажал дека е во пост и оти треба да биде под посебен режим на исхрана, направен му е лекарски преглед и бил прашан дали прима лекарска терапија. Засега според информациите во затворот Груби не е посетен од неговиот адвокат. Според директорот на затворот, Груби бил кооперативен. Сместен е во безбедна ќелија каде ќе биде под будност на затворските власти, вели Утковски за весникот Вечер.

Груби е приведен од граничниот премин Блаце,утринава околу 6.30 часот,  веднаш е спроведен во притвор во Шутка. Неизвесно е дали ќе оди пред судија на претходна постапка, само ако бара повторување на постапката. Груби беше во бегство од крајот на декември 2024 година и по него беше распишана меѓународна потерница. (П.А.)

 

 

ИЗДВОЕНИ