понеделник, февруари 16, 2026
Дома СВЕТ Нова несреќа во Швајцарија: Воз полн со патници излета од шините поради...

Нова несреќа во Швајцарија: Воз полн со патници излета од шините поради лавина, има повредени

22
video Youtube lorirocks777

Поради лавина, возот излета од шините утрово во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени неколку лица, објавија швајцарските медиуми.

Спасувачката акција сè уште е во тек, се наведува во соопштението. Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало околу 80 патници, објавува швајцарскиот јавен сервис РТС.

Несреќата се случила околу 7 часот утрово во кантонот Вале, на југозапад од Швајцарија, објави полицијата на социјалната мрежа X.

Според швајцарските федерални железници лавина е причина за несреќата.

Железничкиот сообраќај на тој дел беше прекинат, а се очекуваат доцнења и откажувања на возови.

ИЗДВОЕНИ