Koaлицијата предводена од премеирката Санае Такаичи обезбеди двотретинско „супер-мнозинство“ во Долниот дом на парламентот на Јапонија. Според објавените резултати, нејзината Либерално-демократска партија освои 316 од 465 пратенички места, а заедно со Партија на јапонските иновации, владејачкиот блок обезбедува 352 места. Тоа ѝ дава на Такаичи комфорност во владеењето и можноста за брза реализација на ветените даночни олеснувања за домаќинствата, пред се укинување на 8-процентниот данок на храната и забрзано зајакнување на одбранбените капацитети со повеќе воени трошоци, поамбициозни одбранбени програми и подготвеност за сценарија што директно ја допираат кризата околу Тајван.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ѝ честиташе на Такаичи, вклопувајќи ја јапонската конзервативна агенда во поширокиот наратив за „мир преку сила“. Но за неа, „супер-мнозинството“ е и тест за тоа дали ќе може да обезбеди даночни олеснувања без фискален потрес и дали ќе може да ја турка безбедносната агенда без да отвори долгорочна ескалација со Пекинг.












