недела, јануари 25, 2026
Дома МАГАЗИН Трагичен инцидент на скијачка патека во Австрија: Скијач почина по судир со...

Трагичен инцидент на скијачка патека во Австрија: Скијач почина по судир со тинејџер – во тек е истрага

98
Фото:википедија

Четириесет и деветгодишен австриски скијач почина по судир со 14-годишен ирски тинејџер во Цел ам Зе, Австрија, објавија австриските медиуми.

Тинејџерот првично избегал од местото на настанот, по што била започната потрага, а денес се предал, објави ОРФ.

Четиринаесетгодишникот е турист од Ирска, а по јавен апел, тој и неговото семејство контактирале со полицијата.

Во тек е понатамошна истрага и испрашување.

На местото на несреќата се собираат и докази.

Полицијата во Салцбург соопшти дека мажот од Пинцгау им подлегнал на повредите на местото на несреќата, и покрај тоа што добил итна медицинска помош.

Судирот на скијачите се случил во саботата во 15:15 часот на падината Хиршкогел на надморска височина од 1.444 метри, соопшти полицијата.

Јавното обвинителство во Салцбург нареди обдукција и ангажирање на експерт за планинарење за да се утврди причината за несреќата.

„Билд“ објави дека скијачите се судриле со голема брзина. Сведоците рекле дека тинејџерот претрпел повреда на бутот и дека жената што била со него, за која се верува дека е неговата мајка, му рекла да го напушти местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ