петок, февруари 6, 2026
Дома СВЕТ 98 последователни потреси го потресоа Мјанмар за 11 дена по катастрофалниот земјотрес

98 последователни потреси го потресоа Мјанмар за 11 дена по катастрофалниот земјотрес

78

Во текот на 11-те дена од 28 март, кога Мјанмар беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер, земјата ја потресоа 98 последователни потреси, соопштија денеска властите.

Според метеоролошката и хидролошката служба на Мјанмар, новите земјотреси биле со јачина од 2,8 до 7,5 степени, објави новинската агенција Ксинхуа.

Бројот на жртвите од првичниот земјотрес се искачи на 3.600, 5.017 лица се повредени, а 160 се уште се водат како исчезнати, соопшти информативниот тим на Управниот совет на Мјанмар

ИЗДВОЕНИ