Пол Бија (92), претседателот на Камерун и најстариот лидер во светот, е повторно избран на функцијата откако освои 53,66 проценти од гласовите на претседателските избори.
Официјалните резултати беа објавени утрово од Уставниот совет, со што се потврдува осмиот мандат на Бија како шеф на државата, пишува FRANCE 24.
На второто место се најде противникот на Бија, поранешниот министер Иса Чирома Бакари, кој освои 35,2 проценти од гласовите.
Интересно е што Чирома прогласи победа против актуелниот претседател само два дена по изборите одржани на 12 октомври, но официјалните резултати покажаа поинаков исход.












