Бегството траеше само 90 минути. Триесет и тригодишен велешанец успеа да избега од Идризово и да почувствува слобода неполни два часа, пред полицијата брзо да го фати и веднаш да го врати во затворот, завршувајќи го неговиот краток престој надвор од ѕидовите на казнено-поправната установа.
-Вчера во 14:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода М.З.(33) од Велес, по претходна пријава дека во 12:40 часот побегнал од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, каде што издржувал казна затвор. Тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната, сооопштија од МВР.












