Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд му одредил домашен притвор, со електронски мониторинг, на 80-годишен маж кој беше уапсен минатата недела со 11 пакувања кокаин.
Тој е обвинет и за продажба на едно пакување од половина грам дрога, објавува Далматински портал.хр.
Осомничениот 80-годишник негира дека продавал дрога, додека за кокаинот пронајден во неговата куќа тврди дека го користел исклучиво за лични потреби. Во своја одбрана, тој изјавил дека дрогата ја земал од здравствени причини и дека, како што рекол, од неа се „преродил“.
Судот му одредил мерка домашен притвор, што значи дека не му е дозволено да го напушта домот во следниот месец. На ногата му е поставен електронски уред за мониторинг, кој го следи почитувањето на изречената мерка.
Бидејќи живее сам, соседот ќе му носи основни намирници и други потреби во тој период. Домашниот притвор му е одреден поради ризик од повторување на кривичното дело.












