700 училишта затворени во Грција поради недостаток на ученици

58

Во Грција, 721 од вкупно 13.478 училишта ќе бидат затворени или привремено суспендирани поради недостаток на ученици за учебната 2025/26 година. Затворањата не се ограничени само на планинските и островските области, а 77 училишта и градинки во Атика нема да работат во следната учебна година.

За следната учебна 2025/26 година, се очекува околу 1.210.000 ученици да бидат запишани во основно, средно и стручно образование, во споредба со 1.363.912 во 2018-2019 година, според податоците од грчките власти, објавува „Катимерини“. Законскиот минимален број ученици за едно училиште да продолжи да работи е 15, или како што е предвидено со закон од 1985 година, еден наставник на секои 15 ученици во основните училишта.

Училиштето може да се затвори ако не го исполни овој услов во рок од три години, по што трајно се брише од училишниот регистар.

Овие податоци, како што објави „Катимерини“, укажуваат на сè посериозен демографски проблем во Грција, кој веќе влијае на образовниот систем и создава предизвици за организацијата на наставата и демографската стабилност.

ИЗДВОЕНИ