Се зголемува возниот парк во градскиот превоз. Од понеделник 55 и уште 20 автобуси до Нова година од страна на приватните превозници кои ги поредија возилата на платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници.
Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици. Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт – рече новиот скопски градоначланик, Орце Ѓорѓиевски.

Тој најави дека до март, следната година Град Скопје во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбеди уште 80 нови автобуси.













