Во петокот во 19.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.В.(54) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од 50 – годишна жена со престој во Струмица барал да му даде пари, во спротивно ќе објавел нејзини видеа со експлицитна содржина. По пријавениот настан и направени консултации со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, жената остварила средба со З.В., на кого му дала пари, кои претходно биле обележани.
Веднаш по средбата, З.В. е лишен од слобода и непосредно до него биле пронајдени обележаните парични средства, кои ги фрлил во момент кога му пристапиле полициските службеници. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.