Без бензински пумпи остануваат 51 место во Србија

0
EPA/MAXIM SHEMETOV / POOL

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да има проблеми со снабдувањето со гас бидејќи очекува да потпише краткорочен договор со Русија за снабдување со овој енергетски извор.

Вучиќ рече дека е добра вест што САД ја продолжија лиценцата на рускиот Лукоил до 26 април следната година.

„Лукоил има 112 бензински пумпи во Србија и ќе може да функционира со увезени нафтени деривати“, изјави Вучиќ за телевизијата Пинк.

Тој додаде дека е добро што бензинските пумпи на Лукоил се рамномерно распоредени низ цела Србија и само девет проценти од нив се во Белград.

Во некои области, бензинските пумпи ќе бидат оддалечени до 20 километри
Вучиќ предупреди дека во исто време „некои други работи се комплицирани“ и посочи на бројни логистички проблеми.

Имено, 51 место ќе останат без бензински пумпи. Како примери, Вучиќ ги наведе Станишиќ, Стапар и Кљајиќево на северозапад, каде што има само бензински пумпи на НИС, како и Томашевац и Црна Трава на југоисток.

ИЗДВОЕНИ