Четириесет и пет индиски аџии загинаа откако автобусот во кој патувале се запалил во близина на Медина во Саудиска Арабија, изјави началникот на полицијата на индискиот град Хајдерабад.
Во автобусот имало 46 патници, a човекот кој ја преживеал несреќата е хоспитализиран на одделот за интензивна нега во локална болница. Повеќето од жртвите се од Хајдерабад, кој се наоѓа во јужната индиска држава Телангана.
Аџиите патувале од светиот исламски град Мека кон Медина кога се случила несреќата, соопшти владата на Телангана. Тие биле на пат кон Саудиска Арабија за поклонение кое е пократка верзија на хаџот – најголемото поклонение во исламот.
Индискиот премиер Нарендра Моди објави на Џ дека е „длабоко ожалостен“ од несреќата и дека индиските власти се во близок контакт со официјалните лица во Саудиска Арабија.



![[Интервју] Нина Деан: Силните женски улоги се ретки, публиката заслужува нови лица](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prva-4-scaled-450x300.jpg)








