44-годишен Србин почина на плажа во Грција, наредена е обдукција

93

Српски државјанин (44) е извлечен без свест од плажата Нови Пори во Пиерија, Грција. Спасувачите се обиделе да му помогнат, но за жал тој починал.

Инцидентот се случил во среда наутро, објавија грчките медиуми.

Според крајбрежната стража, на 44-годишникот првично му била укажана прва помош од страна на спасувачите, а потоа со брза помош на ЕКАБ бил пренесен во медицински центар, каде што била констатирана смрт.

Одделот за пристаништето Платамонас на Централниот пристаништен орган на Солун, кој спроведува прелиминарна истрага, наредил да се изврши обдукција во Службата за судска медицина во Солун.

Сè уште не е познато како се случила трагедијата.

Ова е уште една во низата трагедии на грчките плажи во кои загинале Срби.

ИЗДВОЕНИ