Нивото на водата на реките во западна Франција продолжи да опаѓа бавно денес, што укажува на постепено враќање на нормалното ниво на водата во некои области погодени од 10 дена драматични поплави, соопшти денес француската служба за следење на поплави Вижикрус.
Во соопштението се наведува дека ова е резултат на „претежно мирно и суво време“ по рекордни 40 последователни дена дожд во Франција, објавува денес Фигаро.
Дополнително, за департманите Шарант-Морит, Мен и Лоара, црвеното ниво на предупредување за поплави останува на сила, а уште три департмани на западна Франција, Лоара-Атлантик, Сарт и Шарант се под портокалово предупредување, издадено од Француската национална метеоролошка служба.
Вижикрус во соопштението наведеува дека иако нивото на водата „полека се намалува, ризикот од поплави останува многу реален“. Префектурата Мен-ет-Лоар, каде што водата достигна рекордни нивоа во некои области, ги повика жителите да „бидат многу внимателни во сите делови“ погодени од поплавите.
Градоначалникот на Анже, Кристоф Бешу, на прес-конференција изјави дека околу дваесет улици што беа поплавени во тој град со околу 160.000 жители беа повторно отворени во понеделник, како и дека трамвајскиот сообраќај е повторно воспоставен на сите линии, кој беше суспендиран до вчера.
Градоначалникот на Сенже, Бруно Драпрон, во објава на Фејсбук изјави дека и покрај повлекувањето на поплавните води, тој град во департманот Шарант-Моритми очекува „тешкотии во сообраќајот“ кога ќе започне враќањето на училиштето. Според соопштението на локалните власти, од 17 февруари, околу 3.000 куќи и 120 бизниси беа поплавени во Шарант Приморски, а пожарникарите евакуираа 600 луѓе.












