Бесплатна полуматурска прослава за сите деветтоодделенци во Кисела Вода

352

Сите ученици од деветто одделение во основните училишта на територијата на Општина Кисела Вода прв пат ќе имаат можност за бесплатна, заедничка, дневна прослава, целосно финансирана од Општината. Од Општина Кисела Вода велат дека го прават ова во насока на промовирање еднакви можности и поддршка на младите. Се работи за нов концепт на одбележување на полуматурата.

– Со овозможувањето бесплатна, заедничка дневна полуматурска прослава за сите деветтоодделенци во Општина Кисела Вода, ја потврдуваме нашата определба дека секое дете заслужува еднаква можност да ги одбележи значајните животни случувања, независно од социјалните или од економските околности. Овие млади луѓе, со своите енергија, ставови и идеи, ја претставуваат иднината на нашата општина и на нашата држава. Затоа инвестициите во нивните потреби, развој и социјална интеграција остануваат еден од приоритетите на локалната самоуправа – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ