На територијата на Општина Аеродром ќе бидат изградени 10 нови калистеника фитнес-зони на отворено. Тоа е овозможено со одлуката што ја донесе мнозинството во Советот на Општина Аеродром на последната седница.
Од Општината истакнаа дека со новите 10 фитнес-зони, Аеродром ја продолжува мисијата за здрави, активни и поврзани заедници.
Оттаму додаваат дека ќе бидат избрани локациите според густината на населението, пешачката достапност, зелените површини и потребите на заедницата, а Општината ќе спроведе и јавни консултации со урбаните заедници и со жителите.
– Со овие справи, сите граѓани, без оглед на возраста и на кондицијата, ќе имаат можност да вежбаат, да ја подобрат физичката форма и да го зајакнат своето здравје на само неколку чекори од својот дом – потенцираат од локалната самоуправа.












