32 лица повредени во судир на два автобуса на јавниот градски превоз во Атина

20
Два автобуси од јавниот градски превоз се судрија утринава во атинското приморско предградие Вула, при што беа повредени 32 лица. Според информациите од грчките власти, тројца од повредените се во потешка, но стабилна состојба.

Несреќата се случила во близина на автобуска постојка, при услови кога двата автобуси се движеле еден зад друг. Причините за судирот сè уште не се утврдени, а истрагата е во тек.

Голем дел од патниците биле млади луѓе кои се упатувале кон блиските плажи, со оглед на тоа што двете линии опслужуваат летна рута кон крајбрежјето на Атика.

Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, изјави за грчката телевизија „Скај“ дека ниту еден од повредените не е во животна опасност.

ИЗДВОЕНИ