30 милиони евра за нови улици и за комунална инфраструктура

62

Проектот за урбаниот блок 5.1 во Неготино предвидува пробивање и уредување нови улици со вкупна должина од 550 метри и изградба на комплетна комунална инфраструктура, вклучувајќи водоводна, атмосферска и фекална канализација. Со инвестиција од речиси 30 милиони евра, целта е создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Проектот ќе придонесе за рамномерен урбан развој, подобрена безбедност и за зголемен квалитет на животот на граѓаните

 

Со инвестиција речиси 30 милиони евра се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информираше вчера премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

– Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат што има цел создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и изградба на комплетна комунална инфраструктура, што опфаќа водоводна линија, атмосферска и фекална канализација – напиша Мицкоски.

Тој наведе дека инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно обезбедена од Владата, преку Министерството за транспорт и врски.

– Проектот има долгорочно значење за развојот на Неготино, бидејќи придонесува за рамномерен урбан развој, подобрена безбедност и за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, поставувајќи темели за модерен и одржлив град. Се работи за проекти за трајна промена, темели за сигурна иднина –  вели Мицкоски.

 

 

ИЗДВОЕНИ