Компанијата „Кожувчанка“ го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство. Од локален производител денес израсна во бренд со национално и меѓународно признание. Генералната менаџерка на компанијата Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска, ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите. Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех. Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка
Компанијата „Кожувчанка“ го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.
Оваа компанија веќе 30 години успешно работи веќе три децении, од 1995 година и од локален производител денес израсна во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Тој се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.
Генералната менаџерка на компанијата Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска, ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите.
– Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето – нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници – рече Чупаркоска.
Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко. Исто така, таа зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.
Марио Маис, маркетинг менаџер на Sinalco International Brands, кој е долгогодишен стратешки партнер на компанијата преку брендот Синалко, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении. Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:
– Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос – тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација – истакна Маис кој говореше и за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех.
– Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка – рече Јанчев.
Тој го најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка.
– Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд – рече Јанчев.
Тој објави и за планираната соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:
– Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите – истакна Јанчев.
Тој изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:
– Се гордеам и сум благодарен на сите вас – наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна – потенцира Јанчев.
Компанијата Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Синалко, така и со многу локални дистрибутери и институции.