27 години затвор за поранешниот бразилски претседател Балсонаро

29

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за државен удар. Тројца од петмината врховни судии пресудија дека 70-годишниот Болсонаро водел заговор против неговиот левичарски ривал Луиз Инасио Лула да Силва за да остане на власт по поразот на изборите во 2022 година.

Според пресудата, иако заговорот не успеал да обезбеди доволна воена поддршка, кулминирал со насилниот упад на поддржувачите на Болсонаро во владини згради на 8 јануари 2023 година. Судијката Кармен Лусија го даде одлучувачкиот глас прогласувајќи го Болсонаро за виновен по сите пет точки од обвинението, кои вклучуваат обид за државен удар, водење вооружена криминална организација, обид за насилно соборување на демократското владеење на правото и две обвиненија поврзани со оштетување на имот за време на немирите во Бразилија.

ИЗДВОЕНИ