„Голиот Рид“ е трилер кој акцентот го става на напнатата атмосфера, психолошката длабочина на ликовите и современиот визуелен пристап.
Филмот се реализира со домашна екипа и актерска постава, а снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Македонија.
Проектот претставува уште еден значаен чекор во развојот на македонската филмска продукција и во афирмацијата на жанровскиот филм.












