Во разговор за весникот ВЕЧЕР, таа нагласи дека сите од Центарот биле пријатно изненадени и дека со голема радост и полно срце ја примиле веста.

– Ме радува што надалеку се слуша за нашата работа и што е призната таа. Ова признание е признание за сите нас што верувавме и ја поддржувавме работата со дечиња, за заедничката дведецениска неуморна и посветена работа на Дневниот центар за деца на улица, кој е во рамките на Здружението на граѓани „Заштита на правата на детето“. Не чувствувам дека лично јас сум наградена, туку целиот тим. Овој Центар е позитивен пример за другите организации што вредно, чесно работат – со возбуда вели скромната Ирена Велкоска, раководителка на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари

Дека надалеку се препознаени посветеноста на работата, заложбата да се подобри животот на децата што се нашле на улица, вложениот труд, покажува и глобалната награда за хумани активности во Република Македонија, која ќе ѝ биде врачена на раководителката на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, Ирена Велкоска, на свеченоста по повод претставувањето на нашата држава на Светскиот културен фестивал, на 14 септември 2025 година, во Шри Сатја Саи Грама, Индија.

Во разговор за весникот ВЕЧЕР, таа нагласи дека сите од Центарот биле пријатно изненадени и со голема радост и полно срце ја примиле веста.

– Ме радува што надалеку се слуша за нашата работа и што е призната таа. Ова признание е признание  за сите нас што верувавме и ја поддржувавме работата со дечиња, за заедничката дведецениска неуморна и посветена работа на Дневниот центар за деца на улица, кој е во рамките на Здружението на граѓани „Заштита на правата на детето“. Не чувствувам дека лично јас сум наградена, туку целиот тим. Овој Центар е позитивен пример за другите организации што вредно, чесно работат – со возбуда вели скромната Велкоска.

Таа додаде дека ова е успех и признание за претходните изминати години, во кои, како што нагласува, неуморно работеле со срце и душа за да променат нечиј живот.

Воедно, смета дека ова признание е и за нашата држава, што не значи, како што вели, дека ако си мал како организација, не правиш раздвижување и големи промени во заедницата.

Таа и тимот во Дневниот центар, а останаа само четворица, со голема посветеност работат за подобра иднина на децата што се на улица. И покрај финансиските тешкотии што ги има Дневниот центар, без поддршка од државата, Ирена и нејзиниот тим од јануари до крајот на август ги згрижуваат децата од улица и им даваат социјални услуги . Сепак, кај нив постојат надеж и верба дека овој Дневен центар, кој е од суштинско значење во Општина Шуто Оризари и успешно ја извршува својата функција, а во интерес на децата, ќе добие финансиска помош.

– Оваа општина има потреба од отворање на четири-пет вакви дневни центри, поради големениот број деца во ризик на кои им е потребна помош. Сепак, дел од нив успеваме да ги тргнеме од улица и да ги претвориме во одговорни младинци, кои се интегрирани во општеството и вработени во фирми што даваат позитивен пример во заедницата – нагласува Велкоска.

Нејзините заложби ги препознала Маја Андреска од Здружението „Еден свет, една мисија“, кое е дел од хуманитарното движење „Prashanthi Balamandira Trust“, добротворна фондација во Индија.

– Ние ја запознавме Ирена пред седум години, односно во 2018 година, кога дониравме во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари. Ја следевме и на социјалните мрежи. Ирена нè плени со добрината, искреноста и со посветеноста на децата. Тоа беше причината што ја предложивме – истакна Андреска.

Ирена на крајот упати искрена порака дека големината на човекот е во неговите душа и срце.

– Треба да ни биде водилка тоа што не секогаш ни се потребни финансиски средства за да направиме добро дело, да предизвикаме насмевка кај некого, да го утешиме – заклучи таа, иако, како што вели со насмевка, тие се потребни за континуирана работа на Центарот.

(А. П.) 

ИЗДВОЕНИ