Уште едно детско игралиште и реконструкција на СРЦ „Македонија“

25

Општина Бутел започна со изградба на ново детско игралиште на 400 квадратни метри, во рамките на спортско- рекреативниот центар „Македонија”.

– Покрај изградба на ново детско игралиште, ќе се реконструираат и ќе се променат реквизитите на другите спортски игралишта – најави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Целиот спортско-рекреативен центар се простира на површина од 6.000 квадратни метри. Тој беше прв ваков центар изграден на територијата на Општина Бутел.

– Овде изградивме: ново речно корито на реката Серава, нова пешачка патека, ново фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, ново баскет-игралиште со специјална подлога, ново детско игралиште со мека подлога за најмалите, нова фитнес-зона, нов парк и нови зелени површини, како и нови клупи и нов паркинг.

ИЗДВОЕНИ